Почина 30-годишник од коронавирус, вкупно 16 смртни случаи

од Nikola Popovski
174 прегледи

Регистрирани се 9 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, велат од МЗ.

Според црниот биланс, 5 починати лица се од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.

Слични содржини