Со пукање отворен штабот на ДУИ, Алијанса од Обвинителството бара да почне истрага

од Берта Китинска
257 прегледи

Вчерашнито митинг на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Чаир беше отворен со овации и аплаузи, но и со пукање од пиштол, кога пред присутните се појави потпретседателот на партијата и поранешен градоначалник на скопската општина, актуелниот пратеник Изет Меџити.

По овој настан Алијанса за Албанците побара од Обвинителството да почне истрага за употреба на недозволено оружје на јавни настани.

Оружјето симболизира смрт и токму отворањето на штабот со истрели од огнено оружје од страната на милитантите на ДУИ, зборува за начинот на кој што оваа партија стреми кон победа, со  закани, притисоци, манипулации и влевање на страв, стои во соопштенитео на Алијанса за Албанците.

-Строго ја осудуваме употребата на оружјето и бараме од Обвинителството да започне истрага за кривично дело- употреба на недозволено оружје на јавни настани. Бараме одговорност и од организаторите на собирот, значи од партијата што го организираше настанот, одговорност за опасноста што и се закануваше на граѓаните од истреланите куршуми во воздух.

За жал, досегашната практика покажува дека сме имале многу други случаи ранети или пак загинати и од слепи куршуми, затоа не смееме да дозволиме вакви инциденти да се повторуваат и да поминат не казнети!, велат од Алијанса за Албанците.

Фото: Принтскирн