Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија на 2 октомври 2021 година (сабота), од 9,00 до 13,00 часот во Градскиот парк на Скопје, кај фонтаната “Лотосов цвет”, организира бесплатни превентивни здравствени прегледи за граѓаните со мерење на крвен притисок, телесна тежина и телесна висина, ниво на шеќер и холестерол во крвта со совети од лекари и обезбеден промотивен едукативен материјал.
-Покрај тоа, за граѓаните е обезбедено овошје и флаширана вода.Настанот е организиран со поддршка на Министерството за здравство и министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и во соработка со НВО “Здрава иднина”, здружение на пациенти од болести на срцето.Ги покануваме претставниците на јавните гласила да дојдат на настанот во 11,00 часот кога ќе бидат дадени изјави по повод одбележувањето на Светскиот ден на срцето, пришто ќе се презентираат состојбите и трендовите на заболеноста и смртноста од кардиоваскуларни болести во светот и во нашата држава. Со тоа заеднички ќе ги повикаме граѓаните да прават редовни здравствени превентивни прегледи и континуирано да се грижат за своето здравје, соопштија од ИЈЗ.