Тастатура за копирање и лепење на содржина

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Популарна платформа за програмери, Stack Overflow, се здружи со продавницата Drop за да ја лансира малата тастатура The Key, чија главна функција е да копира и лепи содржина.

Имено, тастатурата првично беше создадена како овогодишна првоаприлска шега, но корисниците на Stack Overflow, кои најчесто ги користат токму кратенките за копирање и вметнување содржини, беа разочарани кога видоа дека The Key не може да се купи – до сега.

„Кажете им збогум на стегнатите прсти, болки во зглобовите и залудни движења. Поздравете го The Key, уред изграден од темел за брзо, безболно и забавно да прави копирање и вметнување код од Stack Overflow “, стои во соопштението на компанијата за Денот на шегата.

Key користи прекинувачи Kailh Box Black за кои Drop тврди дека ќе обезбедат „ултра-мазно линеарно чувство“, кутијата за тастатура е изработена од алуминиум, има USB-C порта на задната страна и може да се пофали со гумени „стопала“ што спречуваат лизгање на масата.

Иако тастатурата е дизајнирана да се користи само за копирање и вметнување, сите три копчиња се всушност програмибилни, така што може да се користат за нешто друго, како што се придушување и засилување музика или промена на нивото на осветленост на мониторот, пишува The Verge.

Според сајтот на Drop, тастатурата досега ја нарачале околу 3.900 луѓе, а истото можете да го направите и вие за 29 долари.

Stack Overflow го донира целиот свој приход на здружение кое развива програми и иницијативи кои го подобруваат економскиот раст во афро-американските и латиноамериканските заедници, а Drop исто така донира пет проценти од својата заработка.

Слични содржини