Microsoft најави ново AI копче на тастатура за компјутерите со Windows

од Vladimir Zorba

Microsoft ја воведува најголемата промена досега на тастатурите на компјутерите „Windows 11“, со воведување копчиња за вештачка интелигенција, најави денеска Јусуф Мехди, корпоративен потпретседател на компанијата и директор за маркетинг за потрошувачи.

„Воведувањето на копчето „Copilot“ ја означува првата значајна промена на тастатурата на Windows PC во речиси три децении. Ние веруваме дека ќе ги поттикне луѓето полесно да учествуваат во трансформацијата што ја предизвикува вештачката интелигенција“, рече Мехди во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.

Microsoft се обидува да воведе технологија за вештачка интелигенција во корпоративниот сектор.

Во јули, американската корпорација објави месечна претплата за генеративниот „Copilot“ напојуван со вештачка интелигенција, кој може да се користи за креирање презентации, пишување документи, сумирање на онлајн состаноци и сортирање на дојдовната е-пошта.

Оваа алатка за вештачка интелигенција моментално се тестира меѓу деловни клиенти, вклучувајќи ги General Motors и Goodyear.

Слични содржини