МАСК ПРОГНОЗИРА ПРОПАСТ НА УКРАИНА: Русија нема да мирува додека не освои 4 региони, а судбината на ЕДЕН ГРАД се уште е нејасна

од Vladimir Zorba

Американскиот милијардер Елон Маск верува дека Русија ќе го окупира Донбас и југот на Украина и дека само судбината на Одеса е нејасна.

Маск на социјалната мрежа Икс ги коментираше вестите ZeroHedge за изјавата на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, за влошување на ситуацијата на фронтот.

– Единственото преостанато прашање според мене е дали Русија на крајот ќе ја преземе Одеса. Русија дефинитивно нема да мирува додека не ги окупира сите региони кои се запишани во рускиот устав (Доњецк, Керсон, Луганск и Запорожје). Ова е нивната наведена политика – напиша Маск.

Маск неодамна го коментираше одобрувањето на новата воена помош за Украина од страна на Претставничкиот дом на САД.

– Мојата најголема грижа е што нема стратегија за излез, само вечна војна во која децата умираат во ровови од артилерија или митралези и снајпери во мински полиња – напиша Маск.

Тој исто така изјави дека влезот на Украина во НАТО може да доведе до нуклеарна апокалипса.

Слични содржини