466
Натпреварот против Спартак Москва не можеше да започне подобро за играчите на Наполи кои го отворија овој дуел од 2.коло од Лига Европа со гол по само 11 секунди!
Стрелец беше нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој ја искористи грешката на голманот на гостите, Максименко и со тоа го постигна вториот најбрз гол во Лига Европа.
До вечерва рекордот го држеше чешкиот фудбалер Јан Сикора, кој беше стрелец за неговиот Либерец против Карабах во 2016 година, при што за него јасно се знае дека топката ја минала линијата по 10 секунди и 69 стотинки.
Maksimenko sale en falso y Eljif Elmas no perdona. Desde el vestuario, Napoli en ventaja. pic.twitter.com/DSdpyiAOza
— Fútbol Vertical (@futbol_vertical) September 30, 2021