Кинеските власти усмртиле три домашни мачки, причината е корона

од Nikola Popovski
394 прегледи

Властите во северна Кина убија три домашни мачки, кои неодамна биле позитивни на Ковид 19, поради страв од понатамошно пренесување на вирусот на други жители, што предизвика жестоки критики од локалното население и експерти.

Официјалните лица во Харбин, Кина, кои во вторникот вечерта успиле три мачки, соопштиле дека нема лек за коронавирусот кај животните. Властите, исто така, потенцирале дека заразените мачки можат да ги загрозат сопствениците и другите жители на комплексот станови, според извештаите на локалните медиуми.

Г-ѓа Лиу, сопственичка на едно од миленичињата, била позитивна на коронавирус на 21 септември, но оставила храна и вода за своите мачки пред да се изолира. Кратко потоа, мачките биле тестирани и сите три биле позитивни на вирусот двапати, што ги натера властите да преземат акција.

И покрај апелите на сопствениците на животните, тие биле усмртени, што било јавно коментирано како сурова и екстремна мерка од кинеските власти за сузбивање на ширењето на болеста.

-Силно се противам на овој пристап! Искрено, тоа е сурова, поедноставена форма на управување, само за да се избегне одговорноста, напишал еден корисник на „Weibo“.

Според Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), ризикот од ширење на коронавирус од животни на луѓе се смета за низок.

Познато е дека вирусот се пренесува од луѓе на животни во некои ситуации, особено кога се во близок контакт.

Луѓето за кои постои сомневање или потврдено дека се заразени со коронавирус, треба да избегнуваат контакт со животни, вклучувајќи миленичиња, добиток и диви животни, објави ЦДЦ.

Фото: Profimedia

Слични содржини