605
Бројката на граѓани кои одбиле да се попишат е занемарувачка, односно се проценува во промили, а не во проценти, информира вечерва директорот на ДЗС, Апостол Симовски на прес-конференција.
Сепак тој не можеше да каже точни информации колку изнесува тоа, затоа што се уште не е пресметано и најави дека ќе биде објавено во наредните денови.
-Попишувачите имаат изјави од оние што одбија да се попишат и ќе биде покрената истрага. Што ќе се случи понатаму не зависи од нас, рече Симовски, одговорајќи на евентуалните последици за граѓаните, што не сакаа да бидат дел од процесот.