Мнозинството во американскиот Сенат денеска гласаа за предлог-законот за привремено финансирање на американската влада до 3 декември, за да се избегне делумно затворање на федералните институции.
Претставничкиот дом сега ќе се изјасни за предлогот, кој треба да се гласа пред истекот на крајниот рок, денеска на полноќ, кога истекува тековниот буџет за финансирање на работата на владините служби, пренесува Ројтерс.
Последиците од делумното затворање на владата не ги чувствуваат само стотици илјади федерални работници, кои потоа заминуваат на принуден одмор или работат без плата, туку страдаат и граѓаните низ целата земја во други професии.
Од 1980 година, федералната влада на САД е „затворена“ 21 пати поради недостаток на договор за буџетот, и ова е потенцијално прво затворање на владата во мандатот на претседателот Џозеф Бајден.
Поделбите во Демократската партија ги загрозија плановите на Бајден да инвестира во инфраструктура, да ги прошири социјалните услуги и да се бори против климатските промени, пренесува Ројтерс.