Петре Шилегов е убедливо најнеуспешниот градоначалник на Скопје. Програмата на Петре има 0% реализација, но затоа криминалот, тендерите и енормното богатење се реализирани 100%. Видно исплашени од поразот кој ги чека, СДСМ наместо да водат сопствена кампања деноноќно следат како системски и успешно работи Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Според нив, единствена причина за ваквиот исход е тоа што градската каса, поради недомаќинското работење на Шилегов, е целосна празна и тој не е способен да издвои средства за најобична санација.
Кузеска денеска изјави дека „ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека немаат ниту идеја, ниту став, ниту пак своја програма. Мицкоски зборува за враќање на парите кон граѓаните, а СДСМ веќе четири години со конкретни мерки ги враќа парите кај граѓаните“.
-Знаат однапред дека се губитници, зошто нивните најголеми досигнувања и истовремено најпогрешни инвестиции беа во проектот „Скопје 2014“ токму во центарот на Скопје!“, истакна таа.