402
Коронавирусот повторно коси во земјава. Здравствените власти соопштија дека во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица.
Билансот по градови е 2 починати лица од Скопје ( 78г, и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.