Американската манекенка Емили Ратајковски изјави дека била сексуално нападната додека го снимала спотот за хит песната Blurred Lines.
Во книгата што треба да се објави, 30-годишната девојка го обвинува пејачот Робин Тик дека ја допирал без согласност за време на снимањето на видеото од 2013 година.
Тик (44) се уште не одговорил на барањето на „Би -Би -Си“ за коментар.
Овие наводи, за првпат објавени во „Сандеј тајмс“, Ратајковски ги претстави во книгата „Моето тело“.
Американскиот супермодел тврди дека Тик „дошол пијан на сетот кога требало да снима кадри со неа“.
„Веднаш од никаде, ги почувствував студените раце на странец како ги гушка моите голи гради одзади. Инстинктивно се оддалечив, гледајќи назад кон Робин Тик“, пишува таа.
Манекенката изјавила дека почувствувала „како понижувањето продира во нејзиното тело“.
Ратајковски се појави во спотот за песната заедно со Робин Тик, Фарел Вилијамс и раперот ТИ.
Режисерката на видеото, Дајан Мартел, за „Сандеј Тајмс“ изјави дека се сеќава на тој инцидент.
„Се сеќавам на моментот кога ги фати нејзините гради. Тој стоеше зад неа, додека двајцата снимавме од профилот“, го цитира весникот режисерот на музичкото видео.
Таа додаде дека Тик подоцна се извинил.
Песната Blurred Lines се најде на врвот на топ листите, станувајќи песна која е преземена за рекордно време во Велика Британија во 2014 година.
Но, некои ги критикуваа дел од стиховите и музичкото видео, тврдејќи дека тие повикуваат на секс без согласност.
Фарел Вилијамс подоцна призна дека се „срами“ поради стиховите.
Тик ја бранеше песната, кажувајќи за Би -Би -Си во 2013 година дека оние што критикуваат не ја „разбрале“ поентата на текстот.
Тој за Њујорк Тајм во 2015 година рече дека стиховите немаат сексуална конотација.
„Никогаш не сум и никогаш нема да напишам песна со таква негативна конотација“, рече тогаш тој.