Ратајковски се породи и го објави името на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Емили Ратајковски стана мајка.

Манекенката објави фотографија на Инстаграм на која го дои бебето и напиша дека бебето е родено на 8 март оваа година.

„Силвестер Аполо Бер дојде на нашата планета. Тоа се случи на 8 март 2021 година, на најнереалното и најубаво утро во мојот живот“, напиша Емили.

Таа претходно објави дека нема да го знае полот на своето дете сè додека тоа не стане полнолетно.

Емили и Себастијан Бер-Меклард се во брак од 2018 година, а својата бременост манекенката ја објави во октомври 2020 година.

Слични содржини