Сојузот на средношколци: Ги повикуваме надлежните институции детално да ги истражат пријавите за сексуално вознемирување во извидничкиот камп

од Берта Китинска
356 прегледи

Во името на сите средношколци ширум земјата Сојузот упатува честитка и благодарност до редакцијата на „Слободен Печат” и новинарката Мирослава Бурнс што ја отворија темата, односно на јавноста ѝ го обзнанија случајот. Исто така, упатуваме огромна благодарност до сите медиумски куќи и новинари кои постојано известуваат за оваа многу важна тема за интегритетот и заштита на средношколците и младите, воопшто. Со ова тие го даваат својот придонес кон борбата за правата на средношколците.

-Истовремено Сојузот на средношколци ја поздравува одлуката на учениците кои учествувале на кампот како и на нивните родители да ја пријават злоупотребата што се случила за време на кампот. Ги охрабруваме и останатите жртви, доколку ги има, да го пријават случајот.

Ги повикуваме надлежните институции – Министерството за внатрешни работи, Државното обвинителство и Народниот правобранител темелно да ја завршат своја работа и детално да ги истражат пријавите за сексуално вознемирување и злоупотреба.Сојузот на средношколци им стои на располагање на средношколците-учесници во кампот за со сите свои сили да придонесе во оваа заедничка битка,соопштја од Сојузот на средношколци.