Јас само ќе апелирам да се обратите до соодветните институции за да може да ви дадат точен одговор, затоа што овде сум претседател на Влада не би сакал за партиски работи да одговорам, вели на прес-конференција премиерот Зорна Заев за почитување на ковид-мерките на митинзите.
-Освен што ќе кажам, се гледаат распоредите на столчињата како се изместени согласно протоколите, а секако веројатно проблемот е во тоа што го предизвикуваат дополнитело луѓе кои што доаѓаат од страните кои не ја запазуваат неопходната дистанца и целосното почитување на протоколите. Секако дека нема никакви договори, сите си ветувме дека ќе направиме се , имајќи во предвид дека работиме со граѓани кои што доаѓаат самоиницијативно на ваквите јавни собири, но сепак организаторите на митинзите ќе направиме се, за да максимално се почитуваат протоколите кои што се одлучени, рече премиерот.