Мбапе бесен на управата: „Во ПСЖ направија да се чувствувам како крадец“

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Барав летово да го напуштам Пари Сен Жермен бидејќи во тој момент не сакав да го продолжам договорот, и мислев дека клубот може добро да заработи и да донесе квалитетна замена, изјави Килијан Мбапе.

„Не ми се допаѓа што ми рекоа дека побарав да заминам на крајот на август, ме натераа да се чувствувам како крадец“, рече Мбапе за „Радио Монте Карло“.

Францускиот напаѓач додаде дека ПСЖ му дал многу и дека бил среќен во текот на секоја од четирите години.

„Го објавив моето заминување доволно рано за клубот да се подготви навреме. Луѓето велат дека одбив шест или седум понуди за продолжување на договорот, тоа не е вистина, штом реков дека сакам да си заминам, се беше јасно“, заклучи Мбапе.

ПСЖ одби да го продаде Мбапе на Реал ова лето, и покрај фактот што договорот со францускиот напаѓач трае до крајот на сезоната, а тој веќе може да преговара со Мадрид во јануари

Слични содржини