Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Берлин, ја искористи за да ја врачи првата издадена патна исправа, изработена врз основа на податоците добиени со новиот современ систем поставен во повеќето амбасади низ дипломатската мрежа на Северна Македонија.
-Денес во Берлин ги врачив првите пасоши од подтојаните базни станици инсталирани во нашите амбасади. Граѓаните чекаа само една недела од сликање до прием. Чекањето со месеци за пасоши полека оди во историја. Честитки и продолжуваме, соопшти Османи.