Учениците од прво и четврто немаат учебници, туку само материјали, велат од иницијативата „Учебници и настава мора да има“

од Nikola Popovski
388 прегледи

Од граѓанската иницијатива за образовни реформи „Учебници и настава мора да има“ денес објавија дека МОН еклатантно ги крши правата за образование и правата во образование на децата.

-Бирото за развој на образованието ги потврдил сомнежите на граѓанска иницијатива за образовни реформи „Учебници и настава мора да има”, дека учебниците за прво и четвртото одделение не се учебници туку се материјали за учење со што е прекршен постоечкиот закон за учебници каде се вели дека учебникот е основно и изворно средство на знаење, велат од иницијативата, додавајќи дека поднеле претставки до народниот правобранител, како и до Антикорупциската комисија.

Добиените информации, како што посочи Драгана Спасевска, претставник на иницијативата, се дека учениците од прво и четврто одделение кои следат настава според новата концепција немаат учебници, туку само имаат материјали за учење.

-Учебникот не е единствено средство за стекнување на знаења и на наставниците им се остава простор оригинално и креативно да им понудат на учениците и други извори на знаења, вели Спасевска. Според граѓанската иницијатива со ова се прекршува правото на еднаков пристап до училишните услуги за сите и дополнително се поттикнуваат форми на сегрегација.

Слични содржини