969
Со одење во кафани и играње кантер-страјк нема носење приходи во општината, вели кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош и поранешен прв човек на општината, Стевче Јакимовски во синоќешното гостување на емисијата „Само вистина“.
Според него, тој е „одговорен“ се уште за речиси се во општината.
-Јас сум одговорен за кејот, за спортските терени, што немаме септичка јама, што Карпош не се поплавува, што ниедна потпетица не гази во кал. Јас сум одговорен и за бетонизацијата, вели Јакимовски, додавајќи му на противкандидатот Душко Весковски дека „тој е сега напред, а Стефан Богоев назад, а претходно тој бил назад, а Богоев напред“ во општината.