Град Скопје реагира дека противпожарната бригада не е место за партиски собири, откако претходно денеска независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, рече дека ѝ било забрането од командирот да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда каде што е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје.
„На партиските кампањи никогаш не им било местото во просториите на Хероите на Градот и тоа не смее да се промени за овие локални избори. Просториите на ПП бригадата во Автокоманда се стратешки безбедносен објект за Градот Скопје и мора да биде функционален и во припремна состојба во секое време. Според тоа, тоа не е место за никакви партиски собири или состаноци со кандидати со некои пожарникари“, велат од Град Скопје.
Оттука апелираат пожарникарите да бидат изоставени од партиските препукувања и да бидат оставени на мира да си ги извршуваат секојдневните обврски. Како што додаваат, синдикалните организации имаат право да се среќаваат со кого сакаат, се’ додека за тоа не ги користат просториите на противпожарната бригада на Град Скопје