Со автомобилот удрил во пешак, по што двајцата се степале

од Nikola Popovski
270 прегледи

МВР информира дека сообраќајна несреќа преминала во физичко насилство вчера на улицата Маршал Тито во Неготино.

Имено, како што информираат од МВР, патничко возило „мерцедес“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од истиот град. Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини