Пејачот Тони Цетински се потсети на сообраќајната несреќа во која настрада Тоше Проески и раскажа дека тешко ја поднел неговата смрт.
-Од Тоше научив многу, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човек, тој беше повеќе од тоа – истакна тој.
-Бидејќи го нема, сакам да бидам што е можно подобар. Но, имаше период на гнев и чувство на неправда. Бев во атеистички брак, тотално одалечен од Црквата. Одев со главата низ ѕид. Си дозволив пороци. Целосно залутав и отидов во погрешен правец – рекол Цетински.