Шилегов: Независната кандидатката на Мицкоски и Груевски зборува за веќе реализирани работи

од Берта Китинска
363 прегледи

Градот го дигитализираме и се ќе биде достапно на мобилен телефон, со што ќе се анулира и можната корупција во контактот со градската администрација, истакна кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од трибината на СДСМ во Аеродром. Тој вели дека преку системот „Смарт сити“ секој ќе може да даде сугестија за тоа како да се развива градот, со што ќе се „развласти“ и самиот градоначалник, бидејќи потребите на граѓаните ќе му бидат приоритет.

-Имаме и нов социјален пакет за младите во Скопје. ќе се субвенционира со 50% секое запишување во градинка за да се помогне секое младо семејство. Помагаме и на оние коишто немаат дечиња, па биомедицинското оплодување кое нема да може да се покрие преку Фондот, ќе го покрие градот, најави Шилегов.

Шилегов додаде дека тој гради ново и модерно Скопје, за разлика од неговиот противкандидат.

-Од другата страна имаме наводна независност на кандидатката на ДМПНЕ, Мицкоски и Груевски. Ја слушнав како зборува за веќе реализирани работи, па оттаму ме интересира дали сакаме да се вратиме назад поддржувајќи скриени кандидати кои немаат план и визија, рече Шилегов.