ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја ставиме државата на брза трака за влез во ЕУ

од Nikola Popovski
212 прегледи

ЕУ со Заев е се подалечна цел, се што остана е сликата од авионот, лага до лага. Зоран Заев 5 години е власт, а 3 години од фамозната фотографија од владиниот авион каде тој, Османи, Димитров и Анѓушев со кренати палци кажаа дека сме добиле датум. Три години датум ниту на повидок, реагираат утрово од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, „иако главно ветување на Заев беше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, тој целосно потфрли, и не само што не сме членка, ниту пак сме ги почнале преговорите, туку и државата е во најлоша состојба до сега“.

-Државата не може да оди напред со шверцери на дрога, местачи на тендери, криминалци и секакви бандити какви што има во власта. Време е за промени, победи и проекти. А, по промените ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави државата на брза трака за влез во ЕУ, стои во партиското соопштение.

Слични содржини