Салах бара плата која би го направила трет најплатен играч во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах има важечки договор со Ливерпул до јуни 2023 година.

Клубот од „Енфилд Роуд“ сака таа соработка да трае уште подолго, и тие сакаат нов договор.

Сепак, тоа нема да помине без проблеми со фудбалерот кој е во Ливерпул од 2017 година, пренесуваат англиските медиуми.

Салах бара многу поголема плата за да го продолжи договорот. Според медиумите од Островот, тој бара според новиот договор да има годишна плата помеѓу 17,6 и 22 милиони евра.

Доколку Ливерпул му понуди 22 милиони, тогаш Салах ќе стане третиот најплатен играч во Премиер лигата.

Повисоки плати би имале само Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед и Кевин Де Бруин во Манчестер Сити.

Слични содржини