232
МВР информира дека привела дилер од тетовско, кај кого била пронајдена дрога.
-Ноќва (06.10.2021) во 01.00 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Жеровјане во с.Радиовце бил лишен од слобода Е.И.(31) од с.Горно Седларце,тетовско. При контрола на патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки,кое тој го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од полицијата.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.