Раководството на Борусија (Дортмунд) ќе понуди речиси двојно поголема плата на Ерлинг Халанд за да го убеди напаѓачот да остане на „Сигнал Идуна Парк“ барем уште една сезона.
Ова го изјави новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, според кого понудата вклучува зголемување на надоместокот од 8 на 15 милиони евра.
Норвежанецот може да замине во текот на летото, кога кандидатите за него ќе можат да ја активираат клаузулата за ослободување во неговиот договор, која изнесува 75 милиони евра.
За Халанд се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси и Реал Мадрид. Сигурно сите овие клубови се подготвени да понудат уште поголема плата на 21-годишниот голгетер.
Сепак, агентот на играчот Мино Раиола наводно сака да собере провизија од 40 милиони евра за себе при трансферот на убиствената „деветка“.