Апсолутно тука никој ништо ниту амнестирал, ниту имал намера да амнестира, вели премиерот Зоран Заев на новинарско прашање околу извештајот на ОЈО за причините за пожарот во тетовската модуларна ковид-болница.
Според него, секоја човечка одговорност, секоја субјективна одговорност внатре е право на истрага на други органи, што не е ни премиерот, ни Владата, ни Парламентот, тоа се Јавното обвинителство и судот.
-За да биде некој виновен треба да има постапка за негово обвинување или докажана вина. Се работи за морален потег на министерот и заменикот. Тоа се луѓе кои со својот професионален ангажман дадоа огромен придонес во справувањето со пандемијата и ни се потребни во периодот кој што претстои пред нас, рече Заев денес на прес-конференција.