Фудбалерот на Рома, Тами Абрахам изјави дека научил повеќе од Жозе Мурињо за неколку недели отколку за целата негова кариера.
„Уживам во Рома и уживам да работам за Мурињо. Научив повеќе за тактиката од него во овие неколку недели отколку во целата моја кариера“, изјави Абрахам за британските медиуми.
Тој изјави дека воопшто не размислувал за напуштање на Премиер лигата ова лето.
Сепак, тој го сменил тоа мислење многу брзо по разговорот со Мурињо, кој дојде во Рома и побара пристигнување на 24-годишниот напаѓач во „вечниот град“.
„Жозе имаше цел. Тој, исто така, имаше големо влијание врз мене во разговорите пред моето доаѓање во Рим. Апсолутно сакав да бидам дел од неговиот проект“, рече Абрахам.
Тој дури се врати во англиската репрезентација по добрите игри во дресот на Рома.