Вчера, 6 месеци по заразувањето со корона вирус, извршив второ мерење на титарот на IGG антитела. Бидејќи заразувањето се случи после примена прва доза вакцина АстраЗенека, почетниот титар (еден месец по заразувањето) изнесуваше 46.343 AU/ml, односно 927 пати над прагот на детектабилност од 50 AU/ml според CLIA методата.Со досегашното темпо на распаѓањето на антителата, кое се одвива по експоненцијален закон со време на полураспад од околу 75 дена, на 06.10.2021 титарот опадна на 12.242 AU/ml, пишува во својата нова ковди анализа проф. Дејан Трајковски.
-Многу сум лут на нашите здравствени власти што не ми ги признаваат доказот за антителата како рамноправен со втора или трета доза вакцина, поради што не смеам да патувам во странство, а имам вистинска потреба за тоа. Ниту една вакцина сама не може да постигне ваков висок титар на антителата како заразување после примена прва доза. Инаку, само прележување без „прајмување„ со прва доза вакцина не дава вакви високи титри и потребна е вакцинација за да се постигне истото зголемување.Познато е дека при секундарна (повторена) инфекција титарот на антитела е за 100 пати (2 реда на големина) поголем отколку после примарната инфекција или вакцината. Нашите здравствени бирократи, кои со својата несериозност и непромисленост предизвикаа најголема одвишна смртност на милион жители на светот, тоа не ми го признаваат и ме тераат прерано да се вакцинирам со втора доза и потенцијално да се изложам на ризик од автоимуна болест. За среќа, го знам тоа и ќе се воздржам некако од патувања уште една година. Во меѓувреме, се надевам дека ќе им го видам грбот, а можеби и епидемијата ќе влезе во фаза на смирување и ќе бидат укинати овие бесмислени ограничувања, пишува Трајковски.