Кузеска: Арсовска е против зголемување на минималната плата

од Nikola Popovski
248 прегледи

СДСМ во изминатите четири години ја покачи минималната плата за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари. Со враќањето на економијата во нормала по надминувањето на последиците од коронакризата, по очигледниот раст на економијата, интенцијата е минималната плата до крајот на годината, да изнесува 18.000 денари, вели на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според неа, и додека минималната плата постојано растеше ВМРО-ДПМНЕ и нивни претставници се противеа на секој нов раст.

-Една од нив беше и Данела Арсовска кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за градоначалник на Скопје. Таа јавно се противеше против зголемувањето на минималната плата, го нарекуваше вештачко, обвинуваше дека тоа ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, дека економијата наводно нема да може да го издржи тоа.

„Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар“ велеше Арсовска додека се противеше на зголемувањето на минималната плата.

Затоа лицемерно Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, да се обрати на „Текстилијада“ и да зборува за работнички и женски права, потенцира Кузеска и додава:

-Денес, фактите ја демантираат Арсовска. Нема изгубени работни места поради повисока минимална плата, растот на БДП изнесува 13,1 отсто, а стапката на невработеност е на најниски 15.9 отсто.

Слични содржини