Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот изборен митинг во Дебар кажа дека министерот Бујар Османи е максимално ангажиран за надминување на спорот со бугарската страна и дека се надева на брзо решение и почеток на преговорите со ЕУ.
-Во овие 20 години нашите напори беа насочени кон унапредување на кадри, зашто се стремиме кон Европската унија, зашто специјализиран кадар, спроведувањето на законот и борбата против корупцијата се патокази кон ЕУ. Министерот Бујар Османи е максимално ангажиран за надминување на спорот со бугарската страна, се надевам на брзо решение и почеток на преговорите со ЕУ, рече меѓу другото Ахмети.