Македонија убедливо го совлада Лихтенштајн

од Берта Китинска
524 прегледи

Вечерва во Вадуц, Македонија беше далеку подоминатна и подобра од Лихтенштајн, и заслужено славеше убедлив триумф со 0:4.

Со оваа победа Македонија се искачи на 2.место на табелата во Групата Ј со 12 бодови, шест помалку од лидерот Германија, кој вечерва ја совлада Романија со 2-1. Ерменија вечерва ремизираше 1-1 со Исланд и има исто така 12 бодови, потоа следува Романија со 10, Исланд има пет, а Лихтенштајн е последен со 1 бод.

Во следното коло од група Ј Македонија во понеделник во Скопје ја пречекува Германија. Романија ќе игра со Ерменија а Лихтенштајн оди на Исланд. Во моментов, после 7 одиграни кола, Германија е прва со 18 бода. Македонија е втора со 12 колку што има и Ерменија но ние имаме подобра гол разлика. Трета е Романија со 10 бода, Исланд има само 5 а Лихтенштајн е убедливо последен со 1 бод.

Слични содржини