„Огласот за градска куќа е последниот грабеж на Шилегов, знае дека губи, и прави се за да доограби што може“, велат преку соопштение од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Огласот за купување на градска куќа од 11 милиони евра во ек на избори, е потенцијална опасност од поткуп и корупција. Шилегов пред само неколку месеци ја продаде градската куќа која беше изградена за потребите на Град Скопје, како ново седиште по цена под пазарната. Никој до ден денес не знае каде се потрошени 12.5 милиони евра кои Шилегов ги наплати од продажбата. Зошто тие пари не биле ставени на посебна сметка со намена за купување на нова градска куќа, туку наместо тоа, сега градот ќе ја отплаќа зградата која Шилегов планира да ја купи на рати“, велат од партијата на Мицкоски.
Од таму прашуваат каде завршиле 12.5 милиони евра готови пари и зошто не се искористени со намена за купување на нова зграда.