Шилегов вети 4 милиони евра субвенции за инвертери: „Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин“

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Град Скопје во изминатите четири години ги насочи средствата на скопјани во финансиска поддршка за проекти и субвенции кои дадоа одличен резултат во делот на намалување на загадувањето и здравите животни навики. Градот се грижеше за животната средина и нејзиното унапредување како никогаш порано.

Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење.

– За четири години доделивме 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети. Во следниот мандат, оваа бројка ја зголемуваме за двојно и предвидуваме субвенции за 30.000 велосипеди, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

– Во рок од еден мандат, преку субвенции стимулиравме 5000 домаќинства да ги заменат нееколошките грејни тела со еколошки. 5.000 оџаци помалку чадат во Скопје благодарение на оваа поддршка. Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше градоначалникот Шилегов.