„Денеска можеме да се пофалиме дека донесовме одлуки да платиме колку треба казни за да ги стопираме малите хидроцентрали коишто ја уништуваат цела оваа околина“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Свесни од минатото, заради пари не заради нешто друго, направиле договори од коишто државата ќе плаќа и на крајот да ќе платиме но тоа се само пари но ќе го зачуваме здравјето на луѓето, ќе ја зачуваме оваа природа и оваа убавина која што ја имаме и ќе ја оставиме надоградена со повеќе зеленило и заштитена“, истакна Заев.