Милевски: На Охрид му е потребен човек со визија како Станкоски кој ќе се фокусира на туризмот а не на бетонизацијата

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Интересот на граѓаните пред сè, бетонизацијата во Охрид да престане, да се фокусираме на туризмот во овој град, порача вечерва од Охрид претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

– Ние промовираме кандидати за градоначалници и советници кои се чувари на Општините, токму тие се подготвени континуирано да работат на развојот на градовите и селата. Носител на листата за советници на Општина Охрид е Александар Станкоски, познат адвокат со визија кој досега има овозможено странските инвестиции во хотелиерството за градот. Затоа е важно константно да се грижиме за туристичкиот развој на целата општина, особено во Охрид кој е бисер на Балканот, истакна лидерот Милевски.

Агендата денеска за изборниот караван на движењето „Одлучно за промени” започна од Општина Дебарца, потоа продолжи во Струга и Охрид, а вечерва е планирано да се промовира кандидатката за градоначалник на Општина Ресен, Весна Миркова и листата на советници со почеток од 20:30 часот. За утре според планот ќе се посетат скопските општини Аеродром и Шуто Оризари.