Почнувајќи од утре, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, соопшти министерот за надворешни работи на земјава, Бујар Османи.
Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.
Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).