Најнов ковид-пресек: Повеќе оздравени отколку позитивни пациенти

од Nikola Popovski
270 прегледи

Министерството за здравство денеска го објави најновиот ковид-пресек, според кој во последните 24 часа во земјава имаме 111 нови лабораториски позитивни случаи, а оздравени се 165 пациенти.

-Направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.

Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од: Скопје иКуманово – по 25, Штип – 21, Кавадарци – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Битола и Свети Николе – по 10, Прилеп – 6, Охрид и Кратово – 5, Радовиш – 4, Пробиштип – 3, Гевгелија – 2, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1, стои во извештајот на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирањана Ковид-19.

Слични содржини