Од денес нема повеќе бесплатни ковид-тестови во Германија

од Nikola Popovski
317 прегледи

Од денес, нема да има бесплатни брзи тестови за корона во Германија, а владата се надева дека со оваа мерка, голем број неодлучни луѓе ќе бидат мотивирани да се вакцинираат, пишува Дојче веле.

Од денес, тестирањето за вирусот корона веќе не е бесплатно, освен за деца, бремени жени, луѓе на кои не им е дозволено да се вакцинираат од медицински причини, како и оние кои во карантин ја прележаа короната, па сега треба да добијат негативен резултат.

Според ДВ, само неодамна, постојаната комисија за вакцинација препорача имунизација на бремени жени и тинејџери на возраст од 12 до 18 години, пао тестовите за нив ќе бидат бесплатни до крајот на годината, така што секој ќе има можност да се вакцинира.

До сега, во Германија, секој граѓанин можеше да се тестира за коронавирус еднаш неделно бесплатно во една од многуте аптеки, ординации или импровизирани центри за тестирање, често во форма на куќи или контејнери на прометни места.

Резултатот од брз антигенски тест пристига во рок од 20 или 30 минути, обично на е-пошта.

Оваа мерка, како што е наведено, се воведува затоа што политичарите се надеваат дека плаќањето на тестовите дополнително ќе ги охрабри оние кои се двоумат да се вакцинираат.

Низ Германија, на сила е таканареченото правило за 3G, што значи дека само вакцинираните, оние што го прележале или свежо тестирани имаат дозвола за влез во затворени делови од ресторани, спортски сали, кина, стадиони и разни настани.

Министерот за здравство Јенс Шпан за оваа одлука вели дека е „фер кон даночните обврзници“ дека државата веќе не плаќа за тестирање на оние кои можат и нема да добијат бесплатна вакцина, а досега за тоа се издвоени околу 3,5 милијарди евра.

Властите се уште не ја утврдиле цената на тестовите, што значи, како што се наведува, дека ќе биде оставено на пазарот.

Центарот за заштита на потрошувачите проценува дека цените ќе се движат помеѓу 18 и 40 евра за брз антигенски тест, додека ПЦР-тестовите досега не биле бесплатни, а нивните цени се од педесет до 250 евра.

Слични содржини