Мицкоски од Кривогаштани: Народот живее со 150 денари на ден

од Vladimir Zorba
382 прегледи

На овие избори се одлучува за иднината. За ова треба масовна излезност. Ако има масовна излезност, власта е немоќна и не може да купи толку гласови, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предизборниот митинг во Кривогаштани.

Најави дека ќе има одговорност за сите оние кои направиле криминал и вети повеќе од 200 милиони евра годишно за земјоделците.

Посочи дека народот е се посиромашен и дека половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден.

– Зошто оваа Влада не најде можност да го реализира ветеното за тутунопроизводителите и денес пак лаже. Ова се случува сега, а по 17 октомври следи нова политичка реалност и влада на ВМРО-ДПМНЕ како треба да се работи. За земјоделците се обврзуваме дека повеќе од
200 милиони евра годишно идната влада ќе ги насочи кон земјоделците, рече Мицкоски.