Се уште не се знае кога ќе почне скринингот на учениците

од Берта Китинска
264 прегледи

Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители.

Министерката за образование и наука Мила Царовска и денеска изјави дека е во постојана координација со Министерството за здравство и ќе бидат навреме соопштение детали за скринингот.

-МОН е во координација со Министерството за здравство кое е надлежно за координација на овој процес. Во моментот кога институциите ќе имаат нови информации, јавноста ќе биде навремено известена, рече Царовска.

Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Во училиштата вакцинирани се околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Слични содржини