Почина 27-годишник од Ковид-19, вкупно 6 смртни случаи во последното деноноќие

од Nikola Popovski
379 прегледи

Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица од Ковид-19, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје. По градови, црниот биланс изнесува 2 починати лица од Куманово (63г и 68г) и по едно починато лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.

Слични содржини