Хаос во Тирана: Албански хулигани го прекинаа натпреварот и ги гаѓаа полските играчи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Во Албанија дошло до голем скандал и прекин на натпреварот помеѓу Албанија и Полска.

Полјаците поведоа со 1: 0 во 77 -та минута преку Свидерски, и токму во тој момент од трибините полета рафал предмети кон играчите на Полска кои се радуваа, па судијата беше принуден да го прекине натпреварот.

Шишиња и други тврди предмети од рацете на хулиганите кои беа позиционирани зад албанскиот гол полетаа кон полските играчи, а тоа беше само кулминација на бесот на домашната публика, која подготвуваше „линч“ за гостите долго пред почеток на натпреварот.

По долго чекање, натпреварот на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана продолжи.

Полјаците ја задржаа предноста и ги прескокнаа Албанците на табела и сега имаат два бода повеќе на две кола пред крајот.

Фото: PressFocus/MB Media/Getty Images

Слични содржини