Тасевска: Со купувањето гласови, Димитриевски покажа дека не е социјалдемократ

од Nikola Popovski
396 прегледи

Кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови. Цената на еден глас изнесува 500 денари плус 500 денари за посредникот на зделката. Ова почитувани е срамно, неодговорно и пред се незаконско дејствување на Максим Димитриевски и неговиот тим, обвинува Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, со ваквото однесување Максим Димитриевски го покажа своето вистинско лице и уште еднаш покажа дека не е социјалдемократ, како што се претставува.

-Куманово памети како ВМРО-ДПМНЕ со години поткупуваше, уценуваше, заплашуваше граѓани во обид да ги притисне и на сила да завладее со Куманово. Тоа никогаш не им успеа.

Нема да му успее ниту на Максим. Граѓаните во оваа кампања го видоа неговот вистинско лице.

Кумановци и кумановки се чесни, горди и достоинствени луѓе кои никој не може да ги купи, нема да успее ниту Димитриевски, вели Тасевска.

Слични содржини