Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако Бугаринот Григор Димитров беше подобар од него со 4:6, 6:4, 6:3.
Димитров направи големо изненадување со исфрлање на вториот светски тенисер по пресврт и два часа и 16 минути игра.
Со овој пораз, Русинот ја пропушти шансата да го освои Мастерс трофејот и да стигне до првото место на АТП листата од ноември, на кое ќе остане српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Димитров во четвртфиналето за ривал ќе го има Полјакот Хурберт Хуркач.