Пендаровски го користи јавниот превоз во Шведска (ФОТО)

од Nikola Popovski
288 прегледи

Среќни сме што и претседателот на Северна Македонија г -дин Стево Пендаровски ја користи шведската железница додека е во Шведска. За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка г -ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон, објавија од шведската амбасада во Скопје.

Според нив, не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови.

-Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања, информираат од Амбасадата.

Пендаровски престојува во работна посета на Кралството Шведска, а повод е Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот.

Слични содржини