Времето на митинзи е поминато, меѓутоа инерцијата не ги напушта партиите. Апсолутно немаат никаков ефект, вели министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Само вистина“.
Според него, само непосредниот контакт и директното барање на посета на граѓаните е тоа што го бараат.
-И на мојата партија и препорачувам дека треба да се откажат од митинзи. Ова е ново ДУИ, почнува нова ера, а тоа е достоинствено во својот дом, со европски стандард на живеење, додава Османи.
Тој вели во претходните 20 години беше период на интеграција.
-Од 0,2 % администрација станаа 20 % Албанци во администрација, од нула универзитети денес имаме три државни на албански јазик. Ова беше интегрирање на заедница што беше исклучена. Никој веќе не бара зголемување на администрација и нови универзитети, потенцира Османи.