Осум необични начини на кои можете да користите црн бибер

од Vladimir Zorba
687 прегледи

Црниот бибер е одличен зачин, но можете да го користите и за многу други работи.

Откриваме некои од нив:

Ја одржува облеката светла

Дали имате светли маици кои доста се избледени и изгледаат здодевно по бројните перења? Следниот пат кога ќе ги измиете, ставете лажичка црн бибер во машината за перење. Тој ќе ја задржи светла бојата на облеката, а исто така ќе спречи избледување на бојата, пренесува Н1.

Ја ублажува кашлицата

Ако имате кашлица, ставете лажичка мед во шолја чај од црн бибер и испијте го. Овој пијалок се користи за лекување во традиционалната кинеска медицина. Биберот ја стимулира циркулацијата и протокот на слуз, а медот е природен лек за кашлица и делува како благ антибиотик.

Како да направите чај од црн бибер? Во чаша ставете една лажичка свежо мелен црн пипер и две лажички мед. Наполнете со врела вода и варете 15 минути. Потоа процедете го и испијте го.

Помага да се откажете од пушењето

Една студија од 2013 година покажа дека кога пушачите вдишуваат мирис на масло од црн бибер, нивната желба за цигари и пушење се намалува.

Помага при затнат нос

Биберот е природен деконгестив. Содржи хемикалии кои ги иритираат мембраните во носот, создавајќи потенка слуз, така што вашите синуси може да се исчистат. Додадете околу пет капки масло од црн бибер и малку масло од еукалиптус во врела вода. Потоа вдишете ја пареата за да ги исчистите синусите и да ви го одзатне носот.

Помага при болки во мускулите

Опуштете ги затегнатите мускули масирајќи ги со масло од црн бибер. Црниот бибер се смета за „масло за затоплување“, бидејќи ја зголемува циркулацијата и топлината во областа каде што се нанесува.

Го подобрува варењето

Оброкот богат со бибер е добар за варењето.

Црниот бибер го подобрува варењето со стимулација на лачење на хлороводородна киселина, желудочна киселина која помага да се разложи храната.

Добар е за кожата

Црниот бибер има антибактериски и антиоксидантни својства кои помагаат да се исчисти кожата. Биберот, исто така, природно ја подобрува циркулацијата, така што ги отвора порите и овозможува подлабоко чистење.

Текстурата на биберот, исто така, работи добро како пилинг.

Лечи исекотини

Црниот пипер лечи помали исекотини и го сопира крварењето. Има антибактериски својства, а исто така се чини дека коагулира крв и го запира крварењето. Се разбира, ако станува збор за сериозна исекотина или обилно крварење, потребно е да побарате помош од лекар.

Слични содржини